Португалецот не остана долго време без нова работа. „Специјалниот“ доби отказ во Тотенхем, но за помалку од еден месец беше официјализиран како наследник на Пол Фонсека во италијанската Рома. Жозе веќе крои планови за претстојната сезона во Серија А, па со мислите е веќе кон засилување на тимот на „волчицата“.
Римјаните завршија на седмото место во сезоната, што значи дека тие ќе играат во новоформираната Лига на конференции. Веќе е познато дека Мурињо не доаѓа без одредени ветувања, навивачите се надеваат на големи засилувања во тимот, па изгледа и ќе ги добијат!
Англиските и шпанските медиуми пишуваат дека Еден Азар е подготвен повторно да соработува со „Специјалниот“. Белгиецот, кој беше платен над 120 милиони евра пред две години, не се снајде во Реал Мадрид ниту во својата втора сезона. Луѓето од Мадрид, а особено Перез, не простуваат и разделбата е очигледна. Се споменуваше враќање на Азар во Челси, каде тој сè уште ужива статус на миленик на навивачите, но ниту „Олимпико“ не е невозможна опција.
Шпанските медиуми додаваат дека целта на Мадрид е да се откаже од некогаш најдобриот играч на ПЛ, и без обештетување, бидејќи главната желба на „кралевите“ е да се ослободат од платата од 15 милиони евра што ја заработува Еден. Од друга страна, Белгиецот би морал да ги намали своите желби доколку сака да замине во Рим, па останува да видиме дали Мурињо има доволно силни адути за договарање на 30-годишниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА