Рини Кулен: Шкендија е силен тим, се надеваме дека ќе ја сочуваме предноста

Македонскиот првак Шкендија утревечер (20.15 часот) на арената „Филип Втори“ во Скопје ќе го игра решавачкиот дуел за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. На гости доаѓа норвешкиот клуб Розенборг со предност од 3-1, остварена на првиот меч. Тренерот Рини Кулен се надева дека тоа ќе биде доволно за Розенборг да се пласира во групите од ЛЕ иако е свесен за квалитетите на Шкендија.

„Шкендија е силен тим, со одлични индивидуалци. Покажа и на првиот меч дека умее да игра офанзивно, а утревечер очекувам домашните фудбалери да бидат уште поагресивни. Но, Розенборг посакува да се пласира во групите од Лигата на Европа, имаме предност и се надеваме дека ќе ја сочуваме. Нема да се браниме, ќе играме мудро, ќе се надигруваме и се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“, изјави тренерот на Розенборг, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот реванш.

Се вчитува...