Рaиола веќе има договор со ПСЖ за Халанд: Норвежанецот ќе стане најплатен фудбалер на светот

Веќе е извесно дека Килијан Мбапе следното лето ќе си замине од ПСЖ како слободен агент, бидејќи нема намера да потпише нов договор, па затоа клубот веќе работи на негова замена.

Главна трансфер-цел ќе биде Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Норвежанецот во својот договор со бундеслигашот има откупна клаузула од 75 милиони евра што ќе се активира во летото 2022 година.

Ова обештетување е „ситна пара“ за ПСЖ, па раководството на клубот веќе е во контакт со агентот на фудбалерот, Мино Рaиола. Новодно, Италијанецот за својот клиент побарал плата од 50 милиони евра годишно без бонуси. Во неговиот евентуален договор сигурно ќе бидат вметнати и многу бонуси што Халанд би го направило најплатен светски фудбалер.

Рaиола сигурно добро ќе профитира од зделката и за него ќе има голема исплата како и секогаш.

Се вчитува...