Ристо Јанков е ново засилување на Арсими. Клубот го потврди ангажманот на искусниот голман, кој во својата кариера има настапувано за повеќе македонски и странски клубови.
Јанков во македонскиот фудбал ги бранеше боите на Македонија Ѓорче Петров, Шкендија, Тиквеш, Брегалница и Работнички.
Неговата кариера во странство продолжи во Романија, каде настапуваше за Поли Јаши, а потоа играше и во Казахстан, како член на Каспиј Актау.
Новиот голман на Арсими има и репрезентативно искуство. Јанков беше дел од А-репрезентацијата на Македонија, а се најде и во составот на националниот тим за Европското првенство во 2020 година.
Од Арсими очекуваат неговото искуство, карактер и меѓународно искуство да бидат значаен придонес во амбициите на клубот во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
