Ристе Јанков заминува од Работнички: Пред трансфер во српскиот шампионат!?

Работнички во пролетниот дел од сезоната може да остане без првиот голман Ристе Јанков, кој е пред интернационален трансфер. Српски тим е во сериозни преговари за ангажман на чуварот на мрежата, иако за него има интерес и од Унгарија и од Кипар.

Јанков потекнува од фудбалската школа на Работнички, и еден од нашите најдобри голмани во првенството. И летоска имаше интерес од странство, но до трансфер не дојде, па можеби сега во јануарскиот преоден рок да најде интернационален ангажман, кој би му бил прв во неговата кариера.

23-годишниот голман беше дел од младата селекција на Македонија, а беше дел од националниот тим на ЕВРО 2020, но и натаму го чека својот прв настап за сениорската репрезентација.

Се вчитува...