Ристе Јанков уште две години на голот на Работнички

Младинскиот репрезентативец Ристе Јанков и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Голманот на младиот национален тим до 21 година го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година.

Јанков е дете на Работнички, ги мина младинските категории, а веќе трета сезона е дел од сениорскиот погон и светла иднина на клубот.

Претходно, договорите со Работнички ги обновија шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ, како и фудбалерите Драган Стојков и Христијан Пецов. Ново засилување е Муарем Муарем.

Се вчитува...