Ристески од Борец и Неделковски од Македонија ЃП нови засилувања на Кит Го

Второлигашот Кит Го од Пехчево продолжува со засилувањата за својата дебитантска сезона во второто по квалитет домашно клупско натпреварување.

Нови фудбалери на амбициозниот Кит Го се десниот бек Никола Ристески кој доаѓа од екипата на Борец Велес, како и крилниот офанзивец Филип Неделковски од Македонија ЃП.

Како што е познато, претходно раководството на клубот предводено од Кирил Гогов ги ангажираше и Темелков, Ричков, Дураковиќ и Глигоров.

Следниот пријателски натпревар на тимот од Пехчево е на 20. јули (петок) против Трајал од Крушевац.

Се вчитува...