Ристевски: Е. Пелистер на секој меч оди на победа, така ќе биде и во Загреб

Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер утре ќе му гостува на ППД Загреб во Хрватска во натпревар од 10. коло во Лигата на шампионите кој многу лесно може да одлучи за тоа кој ќе замине во нокаут фазата во елитата.

Mладиот Самуил Ристевски ги сподели своите очекувања пред утрешниот меч.

„Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката во тешкиот период. Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме за Загреб, гледаме видеo-анализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овој пат. Загреб е одлична екипа, во Лигата на шампионите нема лоши тимови. Ќе одиме да извојуваме победа и се надевам дека ќе успееме во нашата намера“, изјави Ристевски.

Се вчитува...