Раководството на ЖРК Вардар ја именуваше Драгана Ристова за нов шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“. Таа на оваа функција го наследува актуелниот селектор на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски. Воедно, во стручниот штаб на Ристова ќе биде вклучена и Билјана Црвенковска, која во следната сезона нема да биде дел од машката екипа откако лани му беше прва асистентка на Роберто Гарсија Парондо.
Лани Ристова исто така беше дел од стручниот штаб на Вардар, но мораше да замине бидејќи доби принова во семејствотоа, а сега се враќа како прв тренер.
„Среќна сум што ќе можам да ги водам овие девојки во Супер лига. Јас почнав со нив пред неколку сезони во пионерска конкуренција и задоволство е кога гледаш како тие растат и се развиваат. Верувам дека ќе продолжиме во позитивна насока и ќе успееме од оваа генерација да направиме тим што ќе му донесе многу нови успеси. Треба само да се продолжи со работа“ – вели Драгана Ристова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА