Ристовска го освои Купот на Русија со ЦСКА

Mакедонската репрезентативка Сара Ристовска со својот тим ЦСКА Москва го освои трофејот во Купот на Русија.

Во финалето кое се играше во Тољати, ЦСКА славеше против домаќинот Лада со 31-27. Ристовски запиша еден погодок од еден обид на овој натпревар, а најдобриот поединец во победничкиот тим беше Мурзалиева со 12 постигнати гола.

Ова е уште еден трофеј во низата титули за ЦСКА во рускиот натпреварувачки систем.

Се вчитува...