Ристовска и Саздовска ги поделија бодовите во ЛШ

Турингер за кој настапува Јована Саздовска и  Крим Меркатор со Сара Ристовска во составот, одиграа нерешено 26-26 во натпреварот од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите во жанска конкуренција. Крим отпретходно веќе го имаше осигурнао второто место во групата и пласманот во следната рунда заедно со првопласираниот Ѓер, а со денешниот бод, пласман во главната фаза од ЛШ обезбеди и Турингер.

Во меѓусебниот дуел, Ристовска постигна три гола за Крим, а Саздовска не се запиша во листата на стрелците во составот на Турингер.

Од оваа група без пласман во следната рунда остана екипата на Подравка Вегета.

Се вчитува...