Ристовска и ЦСКА Москва лесно до финале во рускиот куп

Ракометната репрезентативка на Македонија, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во Националниот куп на Русија.

Тимот од главниот град на оваа земја без проблеми славеше во првото полуфинале против екипата на Звезда Звенигород со убедливи 23-35. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое Ристовска и соиграчките го добија со 10-16.

Нашата репрезентативка натпреварот го заврши со еден гол од три упатени удари кон голот на противникот.

Во финалето ЦСКА Москва го чека подобриот од вториот полуфинален дуел во кој ќе се сретнат Ростов Дон и Краснодар.

Се вчитува...