Ристовска во „топ-форма“ пред стартот на ЕП

Ракометната репрезентативка на Македонија, Сара Ристовска во одлична форма го дочекува Европското првенство во кое како домаќин заедно со Словенија и Црна Гора од 4. до 20. ноември ќе биде и Македонија.

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва стигнаа до убедлива победа на домашен терен против Ставропол 41-24 во натпревар од 8. коло во руската женска ракометна Суперлига.

Македонската репрезентативка беше една од најдобрите ракометарки на својот тим, а натпреварот го заврши со осум погодоци.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...