Ристовски е пресреќен со трансферот во Спартак: Овој клуб ме врати во живот! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е рекордно засилување за Спартак Трнава, еден од најуспешните словачки клубови.

Спартак Трнава се одлучи да исплати 300.000 евра на Ријека за Ристовски кој потпиша тригодишен договор откако претходно минатата сезона ја мина на позајмица во овој клуб.

Македонскиот репрезентативец не го крие задоволството од потпишаниот договор со Спартак, верувајќи дека ќе му помогне на тимот да ги реализира своите амбиции во новата сезона.

„Навистина сум среќен што преговорите минаа во најдобар ред и се вратив тука. Го сакам овој клуб, се чувствувам прекрасно тука затоа што Спартак ми помогна во претходните шест месеци да ја пребродам тешката повреда“ – вели Ристовски во разговор за официјалната интернет-страница на клубот, притоа дополнувајќи:

„Ме врати овој клуб на фудбалските терени и на тој начин успеав да се наметнам во репрезентацијата на Македонија и да бидам дел од ЕВРО 2020. Затоа сега сум подготвен да го дадам максимумот за овој клуб, сакам оваа сезона да биде наша и да стигнеме до зацртаните цели“.

Се вчитува...