Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски би можел наскоро да ја заврши својата авантура во тимот на Сараево и кариерата да ја продолжи во српската Суперлига. Според информациите од српските медиуми, за услугите на 34-годишниот десен бек сериозен интерес покажува екипата на Нови Пазар.
Шпекулациите дополнително се подгреаа по најавите дека Ристовски би можел да пристигне во пакет со искусниот Адем Љајиќ. Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе се забележани во Нови Пазар, иако засега нема официјална потврда од клубовите дека трансферите се дефинитивно договорени.
Ристовски пристигна на „Кошево“ минатото лето како големо засилување. Во дресот на босанскиот гигант досега одигра 36 натпревари, притоа постигнувајќи три гола и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
