Ристовски: Го сопрев Роналдо, знам како да ја сопрам и Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија е во Палермо каде утре на „Енцо Барбера“ против Италија ќе го одигра историскиот натпревар во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Капитенот на „црвено-жолтите“ е полн со самодоверба пред утрешниот натпревар, а во изјава за италијанските медиуми вели дека добро знае како се сопира Италија.

„Сакаме да го изненадиме европскиот шампион. Јас во мојата кариера еднаш го имам сопрено Кристијано Роналдо, па знам како да ја сопреме и Италија утре. Тука не дојдовме да се предадеме. Италија е одлична репрезентација, тоа ќе биде голем меч“, изјави Ристовски. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...