Ристовски и Спортинг Лисабон во финалето на Купот на Португалија: Падна Порто по изведување пенали

Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ристивски во својата прва сезона во дресот на Спортинг Лисабон ќе има можност да се бори за пехарот во Купот на Португалија. Неговиот тим вечерва го елиминира лутиот ривал Порто по изведување пенали и се пласира во финалето на ова натпреварување, каде ќе се сретне со Авеш. Ристовски на овој натпревар влезе во игра во 72.минута на местото на Пичини.

Спортинг Лисабон го доби регуларниот тек од натпреварот со 1-0 со голот на Коатес, и ја анулираше негативата против Порто од првиот меч. По ова се играа продолженија, а откако немаше погодок, се пристапи кон изведување на пенали. Соиграчите на Ристовски успешно ги реализираа сите пет удари од белата точка, а неуспешен за Порто беше Иван Маркано во првата серија. Спортинг Лисабон го доби пенал – рулетот со 5-4 и се пласира во финалето.

Се вчитува...