Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со својата Ријека се на само седум бода, до кои мора да стигнат во последните пет кола, од шампионската титула во првенството на Хрватска.
Ријека, денеска на „Рујевица“, лесно славеше со 2-0 против Интер Запрешиќ во 31. коло со головите на Гаврановиќ и Безјак уште во првото полувреме. Ристовски и Жута, стандардно, го одиграа целиот натпревар за Ријека.
По оваа победа, на пет рунди до финишот, Ријека ја зачува предноста од осум бода на лидерската позиција пред Динамо Загреб. Сега веќе и дефинитивно многу блиску до круната во хрватскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА