Ристовски и Жута прославија титула на „Максимир“, откако примија пет ’парчиња’

Ријека и службено е нов шампион на Хрватска, откако денеска го доби победничкиот пехар, и тоа на „Максимир“, кај најголемиот ривал Динамо Загреб. Во последното коло од хрватскиот шампионат, Динамо Загреб го пречека тимот на Стефан Ристовски и Леонард Жута и славеше со 5-2. Хет – трик постигна Соудани, но тоа не им пречеше на гостинските фудбалери да прослават со вистинска фешта по завршувањето на мечот.

Шампионскиот пехар и официјално им беше доделен на „Максимир“, а Ријека ја прекина доминацијата на Динамо Загреб во хрватскиот фудбал. По четири дена, истите ривали во Вараждин ќе играат и во финалето на Купот на Хрватска.

Се вчитува...