Ристовски: Кога играм за националниот дрес ќе играм на секоја позиција која се бара од мене

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Еден од најискусните македонски репрезентативци Стефан Ристовски на дуелот против Австријците играше на стоперската позиција, наспроти стандардната своја десна бековска позиција на која игра во Динамо Загреб и на поголемиот дел натпревари во македонската репрезентација.

На прашањето дали се чувствува подготвено да одговори на позицијата која се бараше од него, Стефан со став:

„Кога играм за националниот дрес ќе играм на секоја позиција која се бара од мене. Мислам дека и на натпреварот против Австрија го дадов максимумот на таа позиција. Не ми претставува тоа некој проблем, се во функција на тимот“.

Околу утрешниот натпревар со Украинците…

„Мислам дека добро ги анализиравме и подготвени сме за вистинско надигрување во желбата за позитивен резултат. Ова е големо натпреварување и сигурно нема ниту време ниту простор за тагување или враќање назад по оној пораз од Австрија. Не сме дојдени како туристи тука. Напротив, извлечени се одредени анализи,сега не очекуваат уште два натпревари и подготвени сме да одговориме максимално на следните предизвици за да дојдеме до целта со која допатувавме на ова Европско првенство“ – вели Ристовски.

Се вчитува...