Ристовски: Сакаме и финале во Лига Европа… Зошто да не!?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Спортинг на дуелот против Астана по кој кој португалскиот тим обезбеди осминафинале во Лигата на Европа.

Португалците рутински со вкупен резултат од 6-4 обезбедија пласман понатаму, па денеска се во очекување на ждрепката за осминафиналето…

„Ја зацртавме целта со пласманот во следната рунда, но секако нашите амбиции се што подолго останување пролетва и на европската сцена. Сакаме и финале во Лигата на Европа… Зошто да не? Нашиот тим игра добро во пролетната сезона продолжувајќи активно на сите фронтови во битката за титули откако претходно веќе го освоивме трофејот во Лига Купот“ – вели Ристовски, по синоќешниот дуел за Спортинг против Астана.

Се вчитува...