Ристовски: За Германија ќе ни треба максимална дисциплина во сите сегменти

Капитенот Стефан Ристовски на прес-конференција пред дуелот со Германија, кажа дека националниот тим на Македонија без разлика на противникот влегува секогаш максимално. Среќен е поради победата над Лихтенштајн, и сега со Германија вели дека треба да се одговори со максимална дисциплина во сите сегменти.

„Денеска сите сакаат да играат фудбал, без разлика на големината на противникот. Драго ми е што победивме, уибаво е кога ќе победиш и кога ќе донесеш три бода.  Нормално секој селектор си има свои идеи, свои новости, и сегашниот селектор со новите идеи дојде до ново освежување. Ние сме професионалци, тука сме да излеземе, да тренираме, да анализираме, да изгледа на подобар начин. Има натпревари во кои играте со добри и послаби противници. Идеите се тие, без разлика на противникот, теренот е најдобар показител и наше е да одговориме. Со Германија треба да се одговори со максимална тактичка дисциплина.“, рече Ристовски.

Ристовски кажа дека настапот на Европското првенство е едно големо искуство, но дека на вакви натпревари нема право на грешка.

„За мене секој натпревар е искуство. Фудбалот е затоа интересен носи големи изненадувања. Такво искуство како ЕП ќе го паметиме и ќе ни носи голем мотив. Гиганти како вакви репрезентации не ти даваат многу простор за грешки. Мораме да бидеме фокусирани максимално цел меч. Мора да бидеме максимално концентрирани, и тоа не чека со Германија утре.“, изјави капитенот кој надополни дека Горан Пандев ќе недостасува, како и Барди, но дека и вака селекцијата има квалитет.

„Горан фали и ќе фали. Својата цел ја постигна и нема што да се враќаме. Барди е ок, важен играч, жал ми е што нема да присуствува. Ако не е Барди е друг, така да имаме доволно квалитет да се спротивставиме. “, рече Ристовски.

Според Ристовски, нема голема разлика од минатата и сегашната Германија.

„Вакви репрезентации секогаш одат на победа. Нема разлика, нивната цел е секгаш голема“.

Се вчитува...