Ривалдо за Меси и Роналдо: Времето го зема својот данок и во фудбалот

По подолго време, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, односно екипите за кои играат овие двајца фудбалери, нема да играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите. На оваа тема свој коментар даде и бразилската легенда Ривалдо, кој потенцираше дека ваквиот исход кај најдобрите играчи на светот бил очекуван.

Ривалдо за странските медиуми изјави дека времето го зема својот данок и во фудбалот.

“Како и секаде во животот, времето го зема својот данок во фудбалот, а фактот дека ниту Роналдо ниту Меси нема да бидат во четвртфиналето на Лигата на шампионите за првпат по 2005 година, потврдува дека талентот на ниту еден играч не е бесмртен. Бидејќи и двајцата сега имаат над 30 години, ќе им биде тешко да играат на врвно ниво и да ја имаат клучната улога како и порано“, рече Ривалдо.

Се вчитува...