Ривали, но и големи пријатели – Фергусон со специјален подарок за Венгер (видео)

Арсен Венгер денеска го водеше својот последен меч како стратег на Арсенал на „Олд трафорд“, на „театарот на соништата“ каде францускиот стратег во изминатите дваесетина години водеше бројни епски битки со „црвените ѓаволи“.

По тој повод, беа закопани „воените секири“ со Жозе Мурињо, но во главна улога сепак беше Алекс Фергусон, кој на својот долгогодишен ривал му даде и специјален подарок пред натпреварот.

Венгер доби и овации од навивачите на Манчестер јунајтед, но за жал остана без бод на гостувањето во Манчестер, по голот на Фелаини во последната минута.

Се вчитува...