Ризеспор сака прв да стигне до Хасани

Новиот турски прволигаш Ризеспор се вклучи сериозно во трката за капитенот на Шкендија и македонски репрезентативец, Ферхан Хасани. Клубот каде работат Славчо Војневски и Иван Јовановски – Карас, кој надмоќно го освои првото место во второлигашката конкуренција и следната сезона ќе игра во елитата, сака прв да стигне до потписот на Хасани. Се разбира, има тука и македонска препорака до тренерот Ибрахим Узулмез од неговите соработници.

Хасани од турските медиуми беше најавен како засилување за шампионот Галатасарај, но во трката за него се вклучија и други турски прволигаши. Кашимпаша и Ризеспор исто така се борат за да го доведат одличниот офанзивец во своите редови. Останува да се види кој клуб ќе победи во биката за македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...