РК Борец се откажува од Суперлигата

Ракометниот клуб Борец ја информираше јавноста дека се откажува од настапот во Суперлигата. Причината е повеќе од јасна, недостаток на финансиски средства. Извршниот директор на клубот, Ристо Велковски, ова го соопшто на прес – конференција.

„ГРК Борец се откажува од настап во Суперлигата. Ова е по „заслуга“ на Советот на општина Велес и градоначалникот, со оглед дека не даваат повеќе од 125.000 денари месечно. Тиа не се ниту 50% од потребите што го има клубот за настап во најквалитетното ракометно друштво. За жал, ќе мораме во понизок ранг, и тоа административно. Ни ветуваа многу спонзорства, помош од сите страни, но не добивме од никаде“, изјави Ристо Велковски.

Доколку Борец се откаже од натпреварување, можно е не само да биде казнет парично, туку и да добие тригодишна суспензија и враќање во најнизок ранг.

Се вчитува...