РК Охрид со четири нови имиња во пролетниот дел од сезоната

Ракометниот клуб Охрид со стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната ги промовираше и четворицата нови ракометари со кои ќе се очекува продолжението од шампионатот.

Во тимот на Охрид повторно се враќаат голманот Кирил Колев ,десниот бек Константин Вешоски, пивотменот Пеце Георгиевски и левиот бек Јане Јанчев кои доаѓаат од Прилеп.

Согласно играчките промени, како што информираат од РК Охрид, дел од тимот не се повеќе голманот Александар Стојаноски, пикерот Томислав Кљајиќ, Лазар Адамовиќ и Дервиш Бирдахиќ.

Според програмата на стручниот штаб, РК Охрид ќе се подготвува во својот град а се планирани и неколку пријателски натпревари. Првиот дел од сезоната охриѓани ја завршија на 4. место, со безмалку веќе обезбеден пласман во плејофот.

Се вчитува...