РК Прилеп го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп се освојувачи на трофејот на 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалниот натпревар триумфираа над екипата на Тиквеш со 36-29.

Избраниците на тренерот Наум Танески го најавија успехот уште во првото полувреме, кое го завршија со предност од 17-12. Во вториот дел од средбата прилепчани рутински ја одржуваа предноста, не дозволувајќи му на противникот да внесе резултатска неизвесност до самиот крај на мечот.

Третото место го освои екипата на Е. Пелистер 2 по триумфот над Мулти Есенс со 32-29, додека петти е Бутел Скопје кој славеше над Младост Богданци со 32-30.

Се вчитува...