РК Пролет со сопствена веб-страница за сите новости поврзани со клубот

Ракометниот клуб Пролет од денеска во функција ја стави својата официјална веб-страница, на која скопскиот суперлигаш ќе ја информира јавноста за сите случувања поврзани со екипата предводена од тренерот Матлиески.

Пролет во минатото коло славеше со убедливи 30-23 над Струга, а во следното коло оваа екипа в среда му гостува на Прилеп.

„Од играчите барав максимално залагање од првата минута и го добив токму тоа. Мислам дека го изненадивме противникот со цврстата игра во одбраната, нашата дефанзива функционираше беспрекорно и од неа произлегоа бројни лесни погодоци од контранапади. Морам да сум задоволен бидејќи Струга е квалитетен тим, а ние успеавме целосно да го надиграме и заслужено стигнавме до трите бода“ – истакна Матлиески за клупската веб-страница на Пролет.

Се вчитува...