Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 и официјално го потврди ростерот за сезоната 2026/27. „Црвено-црните“ оваа година се соочуваат со двоен предизвик. Покрај одбраната на домашните трофеи, тимот се враќа и на големата европска сцена во ЕХФ Лигата на шампионите.
Новиот стратег Иван Чупиќ ќе има на располагање силен состав засилен со седум нови ракометари. Нови членови на Вардар се искусниот голман Бомаштар, кој пристигна од Шартр, Фадуил од Трембле, левото крило Ѓорчески од Пролет, десниот бек Љевар од Слован, младиот Нешовски од Академија Вардар и Абделак, кој доаѓа од германскиот Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
