РК Вардар нема играчи, бара да се одложи дербито со Е. Пелистер

Ракометниот клуб Вардар, испрати барање до натпреварувачката комисија на ракометната федерација за одложување на дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ немаат доволно играчи, неколку играчи отсуствуваат поради вироза, и затоа бараат дербито да се одигра во некој друг термин.

Соопштението на РК Вардар го пренесуваме во целост:

„Поради новонастанатата здравстевана ситуација во клубот, РК Вардар испрати допис и информација до Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија и до РК Пелистер.

„Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.

Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното.

Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, стои во соопштението.

Се вчитува...