РК Вардар носи двајца Французи во новата сезона?

Поранешниот соиграч на Кирил Лазаров од деновите во Нант, Лука де Бретеш, е најновото име кое се поврзува со трансфер во РК Вардар за претстојната сезона. 24-годишниот среден бек, кој во моментов ги брани боите на француски ПАУЦ, би можел да биде клучно засилување за скопскиот тим.

Де Бретеш зад себе има тригодишно искуство во Лигата на шампионите со тимот на Нант, каде ја започна својата професионална кариера. Тој е вториот Французин кој е на „скенерот“ на Вардар, по најавите за можен ангажман и на Матео Фадуиле од Трембле.

Вториот француски играч кој би можел да заврши во Скопје Матео Фадуиле кој го носи дресот на Трембле.

Се вчитува...