РК Вардар со популарна цена за сезонски билети

Со цел да им излезе во пресрет на многубројните барања на навивачите, РК Вардар 1961 пушта во продажба сезонски билети за сите домашни натпревари на „црвено-црните“.
Со еден билетот во сезоната 2023/2024 ќе може да се следат домашните натпревари од првенството на Македонија (групна фаза и разигрување), Куп натпреварите на кои е домаќин Вардар, како и мечевите од СЕХА лигата.
Цената на сезонскиот билет за сите натпревари на РК Вардар е 1.200 денари, а првите 500 што ќе купат сезонски билет ќе добијат и брендирана навивачка маица од РК Вардар 1961.

Се вчитува...