Роберт Левандовски по седми пат е избран за најдобар фудбалер на Полска

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е избран за најдобар фудбалер на Полска за изминатата 2017 година. Тој по седми пат го доби ова ласкаво признание кое во неговата родна земја од 1973 година го доделува магазинот „Пилка Ножна“. 29 – годишниот голгетер ја освои титулата со Баерн Минхен, а успеа со селекцијата на Полска да се пласира и на Светското првенство во Русија. Во мундијалските квалификации постигна 15 гола.

„Секогаш е големо признание кога ќе те изберат за најдобар во сопствената земја. Тоа ти буди нови мотиви за да продолжиш да работиш напорно и да постигнуваш успеси. Се надевам дека задно ќе се радуваме на нови успеси и со репрезентацијата на Полска“, изјави Роберт Левандовски.

Се вчитува...