Роберт Просинечки ја презема репрезентацијата на Гана?

Хрватскиот тренер Роберт Просинечки се пријавил за испразнетото место селектор на фудбалската репрезентација на Гана, а оваа информација до тамошните медиуми ја пренесе неговиот агент Јосип Вукоја.

Според „Ghana Soccernet“, поранешниот фудбалер во наредните денови ќе започне преговори со челниците на фудбалската федерација на оваа западноафриканска земја.

Како тренер Просинечки ги водеше Црвена звезда (2010-2012), Кајзерс (двапати), репрезентацијата на Азербејџан, репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Денизли, Љубљана Олимпија и Рудеш.

Во Гана не се задоволни од настапот на Купот на африканските нации каде „црните ѕвезди“ го завршија натпреварувањето веќе во групната фаза. Тренерите кои се поврзуваа со функцијата нов селектор се познатите Германци Феликс Магат и Јирген Колер.

Се вчитува...