Роберто Ацковски бронзен на ЕП во карате

Роберто Ацковски ја донесе втората бронза за Македонија на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржуваа во Будимпешта, Унгарија.

Тој во категоријата на помлади сениори У21 до 67 килограми во мечот за бронзата беше подобар од Русинот, Олег Кавка поради прв освоен поен. Претходно, во главната фаза Ацковски забележа четири победи, а беше поразен во полуфиналето од Црногорецот, Бојан Бошковиќ.

Македонските каратисти Европското првенство го завршија со два медали, откако вчера во јуниорска конкуренција со бронзата се закити и Бојан Костов.

Се вчитува...