Дамјан Робев ја имаше улогата на херој на денешното финале, со 13 поени предводејќи го МЗТ Скопје до куп-трофејот по голема борба во пеколните 40 минути игра против Пелистер.
Македонскиот репрезентативец кој го доби и МВП признанието по мечот истакна дека пресуден фактор била борбеноста, упатувајќи благодарност и до навивачите на МЗТ кои допатуваа во Битола да ги бодрат своите миленици.
„Вакви натпревари се добиваат со голема желба и борбеноста, ние тоа го имавме многу повеќе во второто полувреме. Пресудија скоковите и секако нашето искуство, заслужено победивме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во Битола. Честитки до моите соиграчи, успеавме да превземеме одговорност во клучните моменти, горд сум на момците, покажаа карактер“, истакна Робев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА