„Роџер во пензија? Па тој се чувствува како јуниор“

Тренерот на Роџер Федерер, Северен Лути, вели дека Швајцарецот веќе почна со тренинзи по операцијата на коленото. Околу разговорите за пензија Лути вели дека Роџер не ни размислува на такво нешто и дека во моментов се чувствува како јуниор кој треба да почне професионална кариера.

„Роџер се чувствува добро. Рехабилитацијата поминува според планот. Во моментов не тренира со силен интензитет, но наброз ќе почне со кондицискиот тренер Пјер Паганини. Околу пензија. Такво нешто не ни размислува. Добрата е работа е што во неговото однесување е дека има чувство како да е јуниор кој треба да почне тениска кариера, наместо ветерен кој е пред крајот“, изјави Лути. 

Роџер Федерер најави дека и доколку тенисот доживее свој рестарт, сезонава нема да се врати на терените и дека се подготвува за 2021 година и првиот грен-слем Австралија опен.

Се вчитува...