Родман доби понуда од 100.000 долари – да учи евролигашки кошаркари за тајните на скокот

Најлегендарниот скок-играч во историјата на НБА-лигата, Дениис Родман, доби неверојатна понуда да мине извесен период со евролигашот Хапоел Тел Авив.

Пвиот човек на Хапоел Офер Јанаи, испратил понуда од 100.000 долари до поранешниот ас на Детроит и Чикаго, да дојде и да им ги пренесе на кошаркарите на неговиот тим тајните за успешен скок во кошаркарскиот свет.

„Кога дојдов на чело на Хапоел сон ми беше да го вратам клубот во елитата. Успеавме, го освоивме Еврокупот и влеговмее во Евролигата. Задоволен сум од растот, но исто така и свесен дека имаме уште работа пред нас, одредени аспекти во кои можеме да напредуваме. Знам дека имаме проблем со скок-играта и се сетив дека пред неколку години прочитав статија како всушност скок-играта е наука сама за себе, се изучуваа аглите при шутот, за да се зголемат шансите во проценките каде ќе заврши топката и да се стигне прв до неа… И така, дојдов до идеја да го повикам кошаркарот кој важи за најдобар скокач во историјата-  Денис Родман да мине кратко време во нашиот клуб. Му испратив писмо, понуда од 100.000 долари плус целосен ВИП третман за него и уште три лица што би ги зел со себe. Тој би имал специјална „работилница“ со нашите кошаркари за да им ги открие своите тајни за скок играта, неговите совети би биле драгоцени од спортски план, а воедно целокупниот проект би бил добредојден за нашата маркетинг служба“, истакна првиот човек на Хапоел.

Се вчитува...