Родман: Ова денес не е кошарка, да игра Мајкл Џордан на секој меч ќе дава по 50 поени

За една од најголемите легенди во историјата на НБА, Денис Родман нема дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар во историјата на оваа игра.

Многумина тврдат дека Леброн Џејмс го надминал Џордан, нагласувајќи го како најдобар на сите времиња, но поранешниот соиграч на Мајкл Џордан од Чикаго булс нема такво мислење.

„Јас не разбирам зошто воопшто се дискутира на таа тема кој бил најголем на сите времиња. Немој да бидете смешни со споредба на некои актуелни кошаркари“ – вели Родман и дополнува:

„Мајкл да игра денес би постигнувал по 50 поени на секој натпревар. Можеби Леброн и Коби не се далеку зад, но ниту тие не можат да се споредуваат со Мајкл. Да бидеме реални кошаркарската игра денес е многу уназадена во однос на периодот од пред 15-20 години“.

Родман со Џордан во Чикаго булс стигна до три наслови шампион на НБА лигата.

Се вчитува...