Фудбалерите на Барселона славеа над египетскиот Ал Ахли со 2-1 на традиционалниот турнир кој се одржува секое лето во чест на Швајцарецот кој го создаде каталонскиот гигант „Жоан Кампер“.
Каталонците поведоа со 1-0 со голот на младиот Хамза Абделкарим во 30. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Рафиња стрелаше од белата точка. Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот (2-1) преку Зизо во 51. минута.
Пред почетокот на мечот на „Камп ноу“ претставено беше новото мега засилување на Каталонците, Родри, но се случи и немила сцена откако на Жоао Кансело му беше соопштено дека нема да добие овации од присутните бидејќи неговиот трансфер се уште не е официјализиран.
We are so excited, Rodri 🤩 pic.twitter.com/HvNVdcXJd4
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 19, 2026
Welcome our No. 16… Rodrigo Hernández 🆕 pic.twitter.com/xDQAC6tvoA
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 19, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
