Родри по стапките на Пеп, Мурињо го чека со раширени раце

Заминувањето на Пеп Гвардиола ќе донесе и сериозни промени во играчкиот кадар на Манчестер сити летово, а меѓу оние кои се очекува меѓу првите да си заминат е и Шпанецот Родри.

Големиот ас чувствува дека е дојдено времето за нов предизвик во кариерата, затоа и преговорите за продолжување на сорабтоката се стопирани, а Сити уште пред неколку месеци стартуваше преговори со Нотингем Форес за да го доведе Елиот Андерсон како замена за Родри.

Шпанецот е блиску со камбек во татковината, и тоа како член на Реал Мадрид. „Кралевите“ и во минатото се интересираа за овој фудбалер, но се чини дека сеега коцките се поклопени, Родри сака да се врати во Ла Лига, а Жозе Мурињо по доаѓањето го посочил токму овој ас како идеално засилување на средниот ред, но и „командант“ во соблекувалната преполна со ѕвезди.

Сити нема да бара повеќе од 50 милиони евра за поранешниот освојувач на „Златната топка“, сум што Флорентино Перез без проблем ќе ја плати за да ја исполни желбата на новиот тренер.

Се вчитува...