„Ројал Парк“ е „ројален“ само по името – погледете во која дупка е сместен Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ по 12 часа распит на аеродром беше префрлен во хотелот „Ројал Парк“ во Мелбрун каде е сместен со азиланти од сите делови на планетата кои се заглавени во островската држава и според последните информации тоа е местото каде ќе го помине најголемиот православен празник Божиќ.

„Ројал Парк“ е „ројален“ само по името бидејќи истиот се користи за сместување на азиланти, но и повратници во Австралија кои мораат да поминат низ карантин. Гледката во истиот е далеку од посакуваното ниво, а за истото се погрижиле и азилантите кои со години се „заробени“ во него.

Пред „Ројал Парк“ секојдневно се протестира со цел ослободување на „заробените“, така е и во моментот, а за тоа сведочат и последните изјави за австралиските медиуми.

„Се осеќам како идиот. Дојдов тука за Ѓоковиќ, а дознав дека тука има луѓе кои се затворени веќе девет години. Тоа е погрешно“

Се вчитува...