Ракометарите на Охрид не успеаја да ја продолжат победничката серија во дуелите со Вардар откако вечерва загубија со 32:31 во Суперкупот на Македонија.
Охриѓани славеа на двата дуели на подготовките, како и на последната меѓусебна пресметна од ланскиот шампионат кога веќе беше познато дека Вардар ќе ја освои титулата, но вечерва Вардар 1961 се радуваше и го освои првиот пехар.
„Мора да анализирам што се случи на теренот, некои работи не ми се допаднаа какви беа. Честитки за Вардар за трофејот во Суперкупот, ама ако го освоевме и ние немаше да биде незаслужено. Бевме поблизу до победа, но некои работи кои ги договаравме не се исполнија на терен. Имавме и мал замор заради тешките и напорни патувања кои ги имавме, но би сакал да им честитам на моите играчи за прикажаната борба“, изјави тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
