Борис Ројевиќ успеа да стигне до трофејот во ЕХФ Европскиот куп со два различни клубови, најпрвин со Војводна, за синоќа истиот огромен успех да го повтори и како предводник на Охрид.
Српскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од огромниот успех на својот тим, упатувајќи искрени честитки до најверните навивачи за дадената поддршка.
„Што да кажам, историски момент за нас… во првата сезона на нашата заедничка сезона стигнавме до европски трофеј. Би сакал да се заблагодарам на сите, на управата, ракометарите, на овие извонредни навивачи што ни дадоа толкава енергија во текот на сите 60 минути, но и час и половина пред да почне овој реванш. Салата грмеше, ние во соблекувалната слушавме, не можевме да веруваме што се случува. Благодарност до цел Охрид, пресреќен сум, не знам што би додал во овие моменти“, прокоментира Ројевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
