Ракометарите на Охрид со повеќе од поволен резултат и негатива од само еден гол се враќаат од Словенија по првиот полуфинален натпревар против Целје во ЕХФ Европскиот Куп.
Охриѓани загубија само со 27-26 од фаворитот Целје, на задоволство сигурно и на тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ кој вели дека со полна сала на реваншот и атмсофера каква што заслужува тимот Охрид ќе може да се радува на историски успех и пласман во финалето на Европскиот куп.
„Целје покажа едека е најталентирана екипа во Европа. Им честитам на моите момци на извонредната партија и покажаниот карактер да се вратат по негатива од минус седум гола. Сега имаме активен резултат и испраќам повик сите да ја наполниме салата, да го минеме Целје и да дојдеме до толку посакуваното финале“, изјави Ројевиќ по дуелот во Словенија.
Реваншот меѓу Охрид и Целје се игра на 2 мај во „Билјанини Извори“ во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

