Ролан Гарос се огласи по повод пораката на Новак: „Косово е срцето на Србија“

По завршувањето на натпреварот од првото коло против играчот од САД Александар Ковачевиќ, Новак Ѓоковиќ напиша порака „Косово е Србија и престанете со насилството“. Во еден дел од јавноста се крена прашина околу оваа порака, а се огласи и организаторот на турнирот.

Во врска со оваа порака со соопштение се огласи Француската тениска федерација (ФФТ), која е и организатор на турнирот.

„Никаде во официјалните правила на гранд-слемите не пишува што може, а што не може да каже играч. ФФТ нема да преземе никакви мерки“, стои во соопштението.

Следниот меч Ѓоковиќ на Ролан Гарос го игра во среда против Мартон Фучович од Унгарија.

Се вчитува...