Наградниот фонд на годинешниот Ролан Гарос ќе биде зголемен за 12 проценти во однос на лани и ќе изнесува 36 милиони евра. Со тоа се зголемуваат и наградите за победниците во машка и во женска конкуренција кои ќе добијат по 2,1 милион евра.
Директорот на вториот гранслем турнир во сезоната, Ги Форже, ја потврди информацијата дека наградниот фонд на годинешниот Ролан Гарос ќе биде за четири милиони евра поголем од лани. Најосетно зголемување на наградите од 16 проценти е за играчите кои ќе бидат елиминирани меѓу првото коло и четвртфиналето.
Со новиот буџет, победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2,1 милион евра што е 100.000 евра повеќе во однос на минатата година.
Гранслем турнирот на Ролан Гарос почнуваа на 22 мај, а титулата на парискиот турнир ќе ја бранат Новак Ѓоковиќ и Гарбин Магуруза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА