Рома продолжи со квалитетни засилувања летово откако „волчицата“ се пофали со нов значаен потпис, носејќи го на „Олимпико“ новиот португалски фудбалски бисер Родриго Мора од екипата на Порто.
Офанзивниот играч за врска има 19 години, но веќе собра 80 настапи за првиот тим на Порто, притоа постигнувајќи 16 погодоци, со што го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Сумата од над 50 милиони евра што ја бараше Порто претставуваше проблем, но „римската волчица“ најпрвин ги договори личните услови со фудбалерот, по што најде формула за договор и со португалскиот гиган.
Имено, римскиот калчолигаш ќе плати 25 милиони евра за 50% од сопственоста врз овој талентиран фудбалер. Притоа, во договорот има клаузула со која Рома може да ги добие и преостанатите 50% за фиксна сума од уште 25 милиони евра. Доколку „волчицата“ не ја активира оваа клаузула, Рома при следната продажба на Мора ќе му исплати дополнителни 20 милиони евра на Порто.
Фудбалерот во текот на вчерашниот ден пристигна во Рим, а по лекарските прегледи утрово и официјално беше претставен како најново засилување на тимот на Џампјеро Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
