Рома го ’пикира’ Мутињо

Италијанскиот калчолигаш Рома е сериозно заинтересиран за услугите на фудбалерот на Монако, Жоао Мутињо, пренесуваат медиумите на Апенините. „Кнезовите“ се подготвени да го пуштат на позајмица португалскиот фудбалер, но засега проблем за Рома се високите годишни примања од 4 милиони евра.

Сепак, како што наведуваат италијанските медиуми, постои оптимизам кај двете страни за заокружување на зделката и многу е веројатно дека Мутињо ќе се пресели на „Олимпико“ оваа зима. Тој би бил одлично решение за средниот ред на Рома, со оглед дека е фудбалер со завидни технички способности.

Се вчитува...